3 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИYouTube доби поддршка за HDR

YouTube доби поддршка за HDR

video394

Oд почетокот на оваа недела „YouTube“ овозможи поставување и прегледување на видео записи во „HDR“ (high dynamic range) технологија.

Станува збор за содржини со голем динамички распон, во кој боите би требало да се прикажат на реалистичен начнин, и во широк спектар. Во „HDR“ видео записите ќе бидат поостри, со повеќе детали, како и поголема контраст. Но, за целосно уживање во сите благодети на оваа технологија неопходно е да се има телевизор или монитор кој има поддршка за „HDR“ приказ.

Исто така, и за изработката на видеата со висок динамичен распон потребно е да се има и компатибилни камери и софтвер за монтажа кој поддржува ваков вид на видео записи. Во случај да поседувате некој од „HDR“ мониторите, со уживањето во високо квалитетната содржина можете да започнете веднаш, затоа што „YouTube“ подготви мала „play“ листа со неколку промотивни „HDR“ видео записи.

Сите оние кои имаат „обични“ монитори, „YouTube“ автоматски ќе ја прикажува сликата во стандардниот динамичен распон (SDR), која ќе биде добиена со автоматска конверзија од „HDR“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП