15 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТехнолошките концерни ги враќаат парите во САД?

Технолошките концерни ги враќаат парите во САД?

google-vs-microsoft-apple-oracle

Збирот од над 1,2 илјади милијарди долари кој компании како „Microsoft“, „Apple“ и „Google“ ги чуваат во странство, за да ги избегнат значителните оданочување во САД, може да биде вратен во земјата, ако плановите на Доналд Трамп за намалување на данокот на репатрираните добивки се остварат.

Новоизбраниот американски претседател предложи намалување на даночната стапка до само 10 проценти од профитот, чуван во странство, за да ги врати назад во САД парите кои можат да се искористат за инвестиции, како дел од пошироките планови за намалување на стапката на корпоративниот данок.

Согласно сега важечкото законодавство, компаниите се принудени да не го враќаат профитот во земјата, поради тоа што за истите да бидат оданочени треба да одвојат 35 проценти.

Најголемите корисници од овој потег ќе бидат големите американски технолошки концерни, кои имаат корист од ниските даноци на земји како Ирска, за да ги избегнат високите нормативни даночните стапки, неопходни за приспособување на добивката назад во САД.

Американски компании надвор од финансискиот сектор држат 1,2 илјади милијарди долари во кеш зад границата кон крајот на 2015-та година според податоците на агенцијата за рејтинг „Moody’s“. Најмногу пари отпаѓаат на „Apple“, „Microsoft“, „Cisco“, „Google“ и „Oracle“.

Само „Apple“ држи над 200 милијарди долари зад границата, а производителот на „iPhone“ е цел на ЕК поради обидите да избегне оданочување.

Некои даночни експерти веруваат дека владата на Трамп може да разгледа преземање акција против наводното намерно таргетирање на американскиот бизнис од страна на Европската комисија. Во Вашингтон се зборува за користење на дел 891 од законодавството, кој датира од 1930-та година, што никогаш не бил користен и што ќе и овозможи на САД да воведе санкции против земјите кои ги дискриминираат американски компании по даночни причини.

Во одделен извештај „Capital Economics“ проценува дека износот на американските корпорации во странство вкупно изнесува 2,5 илјади милијарди долари.

„Microsoft“ и „General Electric“ може да имаат корист од предлозите на Трамп, така што поседуваат повеќе од 100 милијарди долари во даночни јурисдикции со пониски стапки надвор од САД, според истражувачката група. „IBM“ има околу 65 милијарди долари во странство, според „Capital Economics“, додека „Pfizer“ држи 80 милијарди долари.

Слични суми може да се користат за да се намали нивниот корпоративен долг, да се инвестира во нови технологии, плаќање на специјални дивиденди или стекнување на фондови.

Ако сепак американските технолошки концерни решат да ги вратат своите добивки во САД, тоа може да го намали апетитот кон купување на странски компании.

За последните осум години до 2014-та година можноста на некои од најголемите американски корпорации – вклучувајќи ги „Oracle“, „Microsoft“ и „Johnson & Johnson“, да ги држат своите добивки во офшор компании, им помогна да ги намалат даночните обврски со една четвртина, додека успеале да ги зголемат своите годишни профити со до 24 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП