
Едно истражување покажа дека месечно друштвените мрежи ги посетуваат скоро 100 милиони жени повеќе отколку мажи.


Едно истражување покажа дека месечно друштвените мрежи ги посетуваат скоро 100 милиони жени повеќе отколку мажи.
Жените водат во различни домени од друштвениот живот, а најновото истражување покажува дека ја завземале водечката позиција и во овој „online“ друштвен феномен. Во просек месечно на „Facebook“ има 155 милиони жени повеќе отколку мажи, а пак на „Pinterest“ ги има дури 72 проценти од бројот на членовите. Додека на „Twitter“ дури 62 проценти од корисниците се жени, а пак на „Instagram“ вкупно 53 проценти се жени.
Мажите единствено водат на „YouTube“, каде имаат нешто повеќе од просто мнозинство или точно 54 проценти, а еден процент повеќе посилниот пол има и на „Flickr“ и „LinkedIn“.