2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИCommerzbank во загуба од 288 милиони евра

Commerzbank во загуба од 288 милиони евра

commerzbank

Германската „Commerzbank“ соопшти дека во третиот квартал претрпела загуба од 288 милиони евра поради големото реструктуирање и намалувањето на бројот на вработените за речиси една петтина.

Банката со седиште во Франкфурт предупреди дека ќе влезе во загуба кога во септември го објави планот за реструктуирање вреден 1,1 милијарди евра.

Банката ќе ги укине своите оддели за инвестиции и ќе се фокусира на традиционалните банкарски сервиси и работи.

Оперативниот профит на оваа банка е намален за пет проценти на годишно ниво, на 429 милиони евра во третиот квартал, пренесува АФП.

Банката соопшти дека го зголемила процентот на основниот капитал, за да ја утврди солвентноста на 11,8 проценти од 11,5 проценти на крајот на јуни.

„Commerzbank“ соопшти дека очекува дека ќе оствари нето заработка на ниво на цела година и покрај високите тршоци за реструктуирањето.

„Commerzbank“ е втора по големина банка во Германија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП