24 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНЛБ Банка АД Скопје оствари рекордно висока добивка заклучно со третиот квартал

НЛБ Банка АД Скопје оствари рекордно висока добивка заклучно со третиот квартал

nlb

Нето добивката на Банката заклучно со 30.09.2016 година изнесува 1.151.290 илјади МКД и е повисока за 43,6% во однос на истиот период од 2015 година.

Нето каматните приходи во третиот квартал од 2016 година се повисоки за 13,5% споредено со истиот период од претходната година. Приходите од камати се повисоки за 6,1%, главно поради повисока состојба на кредити од население при пониски каматни стапки. Расходите по камати се пониски за 12,4% главно поради пониските цени на изворите од небанкарскиот сектор.

Нето приходите од провизии се повисоки за 2,7%. Приходите од провизии се зголемени за 7,9% како резултат на повисоки остварени приходи од платен промет во земјата и странство, зголемен промет и број на трансакции кај картичното работење (зголемен број на картички и зголемен број на трансакции во ПОС мрежата), како и поради повисоки остварени приходи од водење на зголемениот број на трансакциски сметки и лично банкарство и повисоки приходи од провизии за управување со готовина.

Расходите за провизии се повисоки за 20,6%, главно поради повисоки расходи од провизии за меѓубанкарско порамнување кај картичното работење и повисоки расходи од провизии за кредитни посредници и расходи од провизии за управување со готовина.

Останатите некаматни приходи изнесуваат 237.967 илјади МКД и се повисоки за 20,9% во однос на истиот период претходната година.

Вкупните приходи од работење изнесуваат 2.956.092 илјади МКД и се повисоки за 11,3% во однос на истиот период претходната година.

Вкупните оперативни трошоци изнесуваат 1.433.108 илјади МКД и се повисоки за 15,3% во однос на истиот период претходната година.

Во третото тромесечие од 2016 година беа издвоени исправки на вредноста на финансиските средства, на нето основа во износ од 225.372 илјади МКД, пониски за 57,0% споредено со истиот период од претходната година, што соодветствува на структурата и на квалитетот на пласманите на Банката. Исправките на вредност на нефинансиски средства изнесуваат 41.786 илјади МКД и се повисоки за 144,5%. Дополнително, останатите расходи од дејност изнесуваат 750.691 илјади МКД и во однос на истиот период претходната година се повисоки за 28,6%.

Целокупниот извештај можете да го погледнете тука.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП