15 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕГрандиозна вила во Тексас (фото)

Грандиозна вила во Тексас (фото)

%d1%82%d0%b5%d0%ba1

Оваа вила ни ги претставува сите најдобри елементи од стариот свет со својата неокласична грандиозност, а се наоѓа во Хјустон…

Главната вила се наоѓа во срцето на имотот од 2,5 хектари површина. Опкружена е со природа која потсетува на мирен парк. Самата вила има околу 3.000 квадратни метри луксузно декориран простор, осносно осум спални соби, седум бањи и четири тоалети. Меѓу луксузните погодности е и рачно изработената и позлатена декорација, внимателно изработените гипсани украси од одредено време, како и мермерните плочки и инсерти, рачно работените дрвени подови, како и сјајните лустери во комбинација со мермерните камини.

Главните простории на оваа вила се пространи и гостопримливи, без оглед дали станува збор за собата за прием, Версајската соба, музичката соба, источната галерија или семејната соба. Пространата кујна се состои од неколку различни простории, вклучувајќи ја и кујната за прием на гостите, кетеринг готвењето, големата остава, па дури и канцеларијата.

Величествениот имот, каков што не се гледа често во Тексас во моментов е на продажба. Цената на оваа вила е невројатни 43 милиони долари, но мора да признаете дека таа вреди за секој долар.

%d1%82%d0%b5%d0%ba2

%d1%82%d0%b5%d0%ba3

%d1%82%d0%b5%d0%ba4

%d1%82%d0%b5%d0%ba5

%d1%82%d0%b5%d0%ba6

%d1%82%d0%b5%d0%ba7

%d1%82%d0%b5%d0%ba8

%d1%82%d0%b5%d0%ba9

%d1%82%d0%b5%d0%ba10

%d1%82%d0%b5%d0%ba11

%d1%82%d0%b5%d0%ba12

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП