12 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПрофитот на Maersk се намалува за 43% во третиот квартал

Профитот на Maersk се намалува за 43% во третиот квартал

sealand33

„A.P. Moller-Maersk A/S“, сопственик на најголемата линија на контејнери во трговскиот превоз предвиде 43% пад на профитот за третиот квартал. Ова покажува дека индустријата се уште страда од прекумерната продуктивност, коментира „Bloomberg“.

Нето добивката се намалува до 429 милиони долари во периодот јули-септември во споредба со 755 милиони долари од пред една година. Вредноста е под просечните очекувања за 501 милиони долари во истражувањето на „Bloomberg“ меѓу 15 аналитичари. Акциите на компанијата поевтинија за 8,2%, што е најголем пад од пред четири месеци.

„Резултатот е незадоволителен, но е поради ниските цени. Генерално се претставуваме добро, што се однесува на трошоците и обемот во бизнисот“, вели главниот извршен директор Сорен Скоу во соопштението.

„Maersk“ прогнозира дека профитот за 2016-та година ќе биде под 1 милијарда долари. Претходно компанијата изјавила дека годишната добивка ќе падне значително под таа од 2015-та година, која беше 3,1 милијарди долари.

Слабиот раст на трговијата доведоа до ситуација во која различните контејнерски линии се натпреваруваат да нудат привлечни понуди на своите клиенти. Климата освен тоа се покажа фатална за некои играчи во индустријата. Најголемата јужнокорејска компанија „Hanjin Shipping“ пример поднесе документи за заштита од доверителите во август.

Претходно оваа недела трите најголеми контејнерски линии во Јапонија најавија дека планираат спојување, во обид да остварат профит.

„Се надевавме дека банкрот на „Hanjin“ ќе даде поттик на „Maersk Line“ во последниот квартал, главно од гледна точка на повисоките волумени. Но слабите годишни прогнози зборуваат за ограничено позитивно влијание од „Hanjin““, вели Фроде Моркедал, аналитичар во „Clarksons Platou“.

Реакцијата на „Maersk“ против предизвиците беше да се намалат трошоците. Денес компанијата објави дека трошоците се намалија за 14%. Падот на цените за товарните снабдувања, сепак e поголем – 16%.

Концернот предвиде нето оперативна загуба по даноци во висина од 116 милиони долари во споредба со профитот од 264 милиони долари од лани.

„Maersk“ освен тоа најави планови за поделба на бизнисот, што ќе и овозможи на компанијата да се концентрира повеќе на активностите со контејнерите, каде се стреми кон превземања.

„Примената на новата стратешка насока и преструктуирањето во групата напредуваат“, коментира Скоу.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП