1 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕИстражување: Корисниците на Facebook живеат подолго

Истражување: Корисниците на Facebook живеат подолго

4023

За доброто здравје придонесуваат и пријателствата склопени преку социјалните мрежи, но само доколку се користат исправно и умерено, покажаа резултатите од неодамнешното истражување.

Во сѐ по глобализираниот свет во кој живееме, сѐ повеќе луѓе живеат далеку од родниот град и семејството. Тоа често доведува до прекинување на социјалните врски и засилено чувство на осаменост и изолираност.

Полезноста од дружењето во живо со блиските пријатели во студиите од подоцнежните 70 години од минатиот век е поврзувана со долговечноста. Едно такво истражување што траеше девет години покажа дека луѓето без социјални врски и врски внатре во заедницата за 2,8 пати биле изложени на прерана смрт од оние што се социјално активни и одржувале социјални контакти.

Од тогаш се спроведени многу слични студии кои покажале слични резултати. Мета амализата на 148 слични истражувања откри дека силните социјални врски ги зголемуваат шансите за долговечност и до 50 отсто. Се покажа и дека ризикот од прерана смрт кај осамените луѓе е еднаков на оној од последиците на пушење или алкохолизам.

Неодамна спроведеното истражување на научниците од калифорнискиот универзитет во Сан Диего, со кое беа опфатени 12 милиони корисници на Facebook, покажа дека користењето на оваа социјална мрежа влијае врз долговечноста. Секако, ако та се користи на исправен начин.

„Кај речиси сите корисници на Facebook утврдивме корелација меѓу умереното користење на оваа социјална мрежа и намалениот ризик од прерана смрт“, велат авторите на студијата Џејмс Фовлер и Вилијам Хобс.

Тие ги споредиле податоците за калифорниските корисници на Facebook со податоците за општата здравствена состојба на жителите во калифорнискиот Уред за јавно здравје.

Се фокусирале врз корисниците родени во периодот меѓу 1945 и 1989 година и ја следеле нивната онлајн активност во шестмесечен период. Забележале дека корисниците на Facebook имаат подолг животен век во однос на поединците кои не се онлајн или во проценти: опасност од прерана смрт на просечен корисник на Facebook е за 12 отсто помала за разлика од оние што не ја користат оваа социјална мрежа.

Научниците во истражувањето воделе сметка за бројот на пријатели, објавени фотографии, објавени статуси и испратени пораки, за да утврдат дали поактивните луѓе на Facebook биле и долговечни. Претпоставиле дека вистинскиот живот на корисникот, кога не бил на интернет, бил поактивен кај оние што објавиле повеќе фотографии.

Резултатите од студијата беа објавени во магазинот Proceedings of the National Academy of Sciences, а ја пренесе порталот Medical News Today.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП