19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSony ја намали прогнозата за годишната добивка

Sony ја намали прогнозата за годишната добивка

Japan Sony Olympus

Јапонскиот технолошки концерн „Sony“ ја намали прогнозата за годишната добивка за 10% по намалувањето на продажбата на единицата за батерии како дел од промената на фокусот на гигантот во електроника кон најпрофитабилниот бизнис, пишува „Bloomberg“.

Оперативната добивка ќе биде 270 милијарди јени (2,6 милијарди долари) во 12-те месеци до крајот на март во однос на претходната прогноза за 300 милијарди јени, објави компанијата со седиште во Токио. Пред пораката аналитичарите очекуваа добивка за 307,5 милијарди јени за оваа фискална година, покажува просечната оценка, најавена од „Bloomberg“.

„Sony“ се согласи да го продаде делот за батерии на „Murata Manufacturing“ за околу 17,5 милијарди јени (167 милиони долари) и да префрли со него 8.500 вработени, што доведе до оштетување за 33 милијарди јени на единицата за компоненти. Компанијата ја најави продажбата во јули без да ја открива цената на трансакцијата, но предупреди дека таа најверојатно ќе има негативно влијание врз профитот.

„Тоа е прилично позитивно, бидејќи тоа е единица која се претставуваше слабо. 8.500 вработени се многу за одделот кој работи со загуба. И сега сите тие одат во „Murata““, рече Амир Анварзадех шеф на продажбата на јапонски акции во „BGC Partners“.

Вработените претставуваат 6,8% од вкупно 125.300 вработени кои „Sony“ ги имаше до март.

Главниот извршен директор Кацу Хира го намали опсегот на активностите, за да се фокусира на одделите кои имаат профит. Тој се потпира на игрите – најголемиот оддел за приходи, за да ги држи инвеститорите среќни, додека се бори со прекинот на производството на модули за камери поради земјотресите во Јапонија во април.

Акциите на „Sony“ поскапеа за 1,9% до 3.361 јени непосредно пред затворањето на берзата во Токио откако беше претставена ревидираната прогноза. Цената на акциите се зголеми за 12% од почетокот на годината и е на пат да ја забележи четвртата последователна година на раст.

Компанијата ја намали и оценката за нето добивка за годината со 25% до 60 милијарди јени (572,4 милиони долари), но ја задржи таа за продажбата – 70,59 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП