вторник, 27 септември 2022
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИМарej победи вo Виена, Чилиќ во Базел

Марej победи вo Виена, Чилиќ во Базел

mari

Енди Марej ја освои титулата на АТП турнирот од серијата 500 во Виена и ја започна потерата по првото место на листата на која се наоѓа Новак Ѓоковиќ. Во исто време кога Марej победи во Виена, Хрватот Марин Чилиќ победи на турнирот во Базел.

Енди Марej ја оправда фавористската улога на турнирот во Виена и освои 500 бодови. Британецот во финалето го совлада Ѓо-Вилфред Цонга со 6-3, 7-6.

Марej со овој триумф дополнително ја намали предноста на Ѓоковиќ и може да ја преземе првата позиција на АТП листата веќе на 7.ноември кога ќе заврши Мастерсот во Париз.

Во француската престолнина Ѓоковиќ ја брани титулата, а Марej може да стане нов број 1 во случај српскиот тенисер да испадне пред финалето, а тој да ја освои титулата.

Турнирот во Базел заврши со триумф на Марин Чилиќ, која ја освои 16-та титула во кариерата.

Хрватскиот тенисер во финалето го совлада Јапонецот Кеи Нишикори со 6-1, 7-6.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП