8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПрофитот на Exxon се намали во третиот квартал, но со помалку од...

Профитот на Exxon се намали во третиот квартал, но со помалку од очекуваното

The logo of Exxon Mobil Corporation is shown on a monitor above the floor of the New York Stock Exchange in New York

„Exxon Mobil Corp“, најголемата јавно тргувана нафтена компанија, објави 38% пад на профитот во третиот квартал, а намалувањето на трошоците делумно се компензира со падот на цените на нафтата, соопштува „Ројтерс“.

Акциите на „Exxon“ поевтинија за 1,9% до 85,30 долари во попладневната трговија.

Компанијата предвиде нето приходи во третиот квартал во износ од 2,65 милијарди долари, или 63 центи по акција, во споредба со нето приходите од 4,24 милијарди долари, или 1,01 долари по акција, една година порано.

Просечната прогноза на аналитичарите анкетирани од „Thomson Reuters“, беше за профит од 58 центи по акција.

Профитот се намалува во сите единици на компанијата, вклучувајќи и во рафинирањето што обично го „поддржува“ профитот, кога цените на нафтата се ниски.

Во исто време производство намалува за околу 3 проценти до 3,8 милиони барели на ден.

Податоците на „Ројтерс“ покажуваат дека рафинериите на „Exxon“ преработуваат околу 2 проценти помалку сурова нафта во кварталот, отколку пред една година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП