Во периодот од 01.01-30.09.2016 година Банката од своето работење оствари позитивен финансиски резултат во износ од 526,2 милиони денари наспроти остварениот позитивен финансиски резултат во истиот период минатата година во износ од 316,7 милиони денари.
Остварената добивка пред исправка на вредност, која претставува показател за оперативната способност на Банката да ги покрива расходите од работењето е за 13,1% повисока во однос на минатата година што се должи во најголем дел на зголемените нето приходи од камата, зголемувањето на останатите приходи (пред сè приходи од капитални добивки од преземени средства врз основа на ненаплатени побарувања, наплатени претходно отпишани побарувања и приходи од девизно работење), при истовремено намалување на оперативните расходи.
Позитивно влијание врз финансискиот резултат во извештајниот период има и намалувањето на загубата за оштетување на преземениот имот евидентирана согласно регулативата. Вкупните приходи од работењето изнесуваат 3.480,7 милиони денари и бележат пораст од 7,4% во однос на истиот период минатата година.
Нето-приходите од камата претставуваат основна компонента во формирањето на вкупните приходи од работењето и на 30.09.2016 година истите бележат зголемување од 0,6% во однос на истиот период од минатата година. Планот за анализираниот период е исполнет со 98,5%.
Нето приходите од провизии и надоместоци на 30.09.2016 година изнесуваат 635,2 милиони денари и во однос на состојбата од минатата година бележат намалување од 3%. Планот за анализираниот период е исполнет со 93,7%.
Нето приходите од курсни разлики на 30.09.2016 година изнесуваат 102,7 милиони денари и во однос на состојбата од минатата година бележат зголемување од 33,2%. Планот за анализираниот период е исполнет со 125,6%.
Останатите приходи од работењето на Банката на 30.09.2016 година изнесуваат 414,3 милиони денари и во однос на состојбата од минатата година бележат зголемување од 113,3% како резултат на зголемениот износ на реализирани капитални добивки од продажба на преземен имот, наплатени претходно отпишани побарувања од кредити (тужени) и приходи од девизно работење. Планот за анализираниот период е исполнет со 77,2%.
Оперативните расходи за периодот 01.01-30.09.2016 година изнесуваат 1.255,8 милиони денари и се намалени за 1,2% главно како резултат на намалени амортизација, материјални трошоци и административни и трошоци за маркетинг. Планот за анализираниот период е исполнет со 93,6%.
Загубите поради оштетување на нефинансиските средства на нето основа заклучно со месец септември изнесуваат 162,9 милиони денари и се намалени за 55,6% во однос на истиот период од минатата година.
Исправката на вредност на финансиските средства на нето основа на 30.09.2016 година достигна износ од 1.535,8 милиони денари и во однос на истиот период минатата година бележи зголемување од 19,6%.
Финансискиот извештај можете да го видите тука.