25 јуни, 2025
ПочетнаКОМПАНИИTesla oствари добивка за прв пат од 2013-та

Tesla oствари добивка за прв пат од 2013-та

Telsa Motors Opens New "Supercharger" Station In Fremont, California

Американскиот производител на електрични автомобили „Tesla“ го забележа првото тримесечје со добивка. Позитивниот резултат на компанијата за периодот јули-септември е 21,9 милиони долари, а најголема заслуга има Калифорнија, која и позајми 139 милиони долари со т.н. кредити за нулта емисија.

Прометот на „Tesla“ за третата четвртина од годината е 2,3 милијарди долари. Главниот извршен директор Илон Муск уверува дека трендот ќе се задржи и во последниот квартал благодарение на намалените трошоци за производство на „Model S“.

Според повеќето аналитичари тоа е минлив ефект и наскоро компанијата повторно ќе биде на „црвено“. Tesla е секогаш во загуба од 2013-та година, само за минатата година нејзиниот негативен резултат беше 229.9 милиони долари. Предвидувањата на „Barclays“ покажуваат дека проектот на Муск може да почне да носи трајна добивка не порано од 2021-ва година, откако претходно ќе проголта барем уште 11 милијарди долари.

Сепак позитивниот финансиски резултат, дури и да е само за еден квартал, ќе помогне во привлекувањето на нови инвеститори и капитал. Клучот ќе биде дали „Tesla“ ќе успее да ги запази роковите за пазарното деби на следниот автомобил „Model 3“, закажано за крајот на идната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар