25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНов данок за побогатите грци

Нов данок за побогатите грци

grk

Грција воведе нов данок за грците кои заработуваат повеќе од 42.000 евра годишно.

Опозицијата вели дека со овој потег повеќе ќе се влоши и онака тешкиот живот за обичните граѓани.

Грчкиот парламент во саботата го усвои предлог-законот, како услов за продолжување за давање помош на државата. Текстот беше усвоен со 162 гласа, од вкупно 300, со што се воведува нов данок од 42 отсто за грците кои заработуваат повеќе од 42.000 евра годишно.

Владата вели дека новите мерки имаат за цел да соберат 2,3 милијарди евра оваа година. ,,Не сме за зголемување на даноци, но во сегашнава ситуација мораме да ја извадиме земјата од криза”, рече заменик министерот за финансии Јоргос Мавраганис.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП