1 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСкапо ќе го чини GM затворањето на фабриката во Бохум

Скапо ќе го чини GM затворањето на фабриката во Бохум

AP933262205731095714_high

Според некои медиуми затворањето на фабриката на Опел во Бохум многу ќе го чини „General Motors“.

Имено членовите на синдикатот ќе сторат се за да извлечат максимум за отпуштените работници и поради тоа ќе ги потегнат сите правни и политички мерки. Па така како што е наведено, овој процес се очекува да трае многу години и да биде многу скап.

Со оглед на масовната акција на синдикатот, работниците во Опел би можеле да се надеваат на добри отпремнини. Тие ќе бидат пресметани по формулата со старосните години помножено со бројот на години поминати во работа во фабриката и помножено со месечната плата, а сето тоа  поделено со 25. Па така еден 45-годишен работник кој во Опел работел 25 години и заработувал 3000 евра би можел да смета на отпремнина од околу 100.000 евра.

Но според многумина оваа сума би можела да биде многу повеќе, па така за истиот случај работникот би земал дури 150.000 евра. Со овие пресметки „GM“ би морал за 3.200 работници во фабриката во Бохум да подготви дури 480 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП