19 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕБања која зрачи со стил и елеганција

Бања која зрачи со стил и елеганција

banja

Колекцијата “Аqua” носи интересни, модерни и функционални решенија во дизајнот за бањи…

Компанијата со седиште во Истанбул, чие име е Аrmadi Art, позната е по своите претерано луксузни и скапи ѕидни елементи за во бања (пр. мијалник од кристали по цена од 50 илјади долари). Најновата колекција на овој производител под име “Аqua” (вода), достапна е во широк спектар на материјали од најдобро стакло, дрво и кожа и може да се изработи во различни величини. Клиентите исто така можат да одберат облик, боја како и фотографии-налепници кои сакаат да ги имаат во нивната бања.

Фотографиите се разновидни и интересни (паднати лисја, трева, бамбуси) кои на овие елементи им даваат природна нота. Беспрекорната едноставност на тоновите во комбинација со фино прилагодени и елегантни линии, како и детаљи во вид на фотографии, создаваат посебна атмосфера на чистота и хармонија на колекцијата “Аqua”. Цените на пазарот варираат помеѓу 3000 и 10 000 долари, но нарачаните парчиња се многу поскапи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП