25 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕПрекрасниот Almar Jesolo Resort & Spa (фото)

Прекрасниот Almar Jesolo Resort & Spa (фото)

%d1%98%d0%b5%d1%811

Уживањето во авантурите на Венеција по прекрасниот брег на Јадранското море звучи како идеален начин да се помине еден ден…

Сепак, запирањето крај волшебниот Almar Jesolo Resosrt може да биде помалку опасно, затоа што веројатно никогаш нема да посакате да се вратите дома. Ова место е дефиниција за италијанскиот сладок живот, односно локација каде патниците уживаат во секој момент секој ден.

Јесоло е дестинација од светска класа, позната по своите плажи и пристаништа, како и најдолгото шеталиште во Европа. Сето тоа ова место го прави идеално за одмор, во било кој период од годината. Факт е дека Јесоло е близу Венеција, како и тоа дека е исполнет со гламурозни барови и клубови, па тоа ќе ви даде дополнителен поттик да се спакувате и да тргнете.

Со прекрасните 197 соби, Almar Jesolo Resort & Spa ќе ве импресионира благодарение на својата космополитка вибрација, при што секоја соба и апартман имаат свој балкон, од кој можете да уживате во погледот на Јадранското море.

Секојдневните активности во ова одморалиште се уживање и пиење на освежителните пијалоци, на што, сигурни сме, лесно ќе се навикнете.

Сепак, ако сакате да уживате во убавините на природата, прекрасната плажа на ова одморалиште чека само на вас. Во спа центарот ве очекуваат две сауни, како и топла и ладна соба, две соби за релаксација, а на располагање ви се и разните услуги и третмани, поради кои ова нема да биде вашата единствена посета на ова место.

%d1%98%d0%b5%d1%812

%d1%98%d0%b5%d1%813

%d1%98%d0%b5%d1%814

%d1%98%d0%b5%d1%815

%d1%98%d0%b5%d1%816

%d1%98%d0%b5%d1%817

%d1%98%d0%b5%d1%818

%d1%98%d0%b5%d1%819

%d1%98%d0%b5%d1%8110

%d1%98%d0%b5%d1%8111

%d1%98%d0%b5%d1%8112

%d1%98%d0%b5%d1%8113

%d1%98%d0%b5%d1%8114

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП