3 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕИмпресивен имот од осум милиони евра (фото)

Импресивен имот од осум милиони евра (фото)

%d0%ba%d0%be1

Некои луѓе едноставно сакаат да живеат во луксузен стан или пентхаус во центар на метропола, додека други би дале се за дом од соништата покрај море…

Сепак, ви го поставуваме следното прашање: Дали би се откажале од сето тоа, поради своја лична оаза? Сместена во еден од најшармантните крајбрежни градови на Португалија, Албуфеира, овој величествен имот има околу 34.340 квадратни метри и ви ги овозможува сите неопходности и највисоки нивоа на луксуз и убавина.

Овој луксузен имот во мурски стил е изграден во согласност со највисоките стандарди, со употреба на најдобрите материјали, со големо внимание посветено на деталите и финесите, со цел што повеќе да се приближи до статусот уметничко дело.

Овој егзотичен дом бил во изградба неколку години, а ви овозможува приватност, елеганција и убавина, како и најдобриот поглед кој воопшто можете да го искусите. Со пространи приватни бањи, врвна библиотека, целосно опремена кујна, голема дневна соба и трпезарија, овој имот ви нуди базен со загреана солена вода како идеална опција за релаксација која никогаш нема да ви здосади.

Подното греење, климатизацијата, лифтот, алармот и CCTV на идните сопсвеници ќе им дадат прилика да го пофалат својот нов дом и непрекинато да ги повикуваат пријателите на гости, со цел и тие да почувствуваат дел од луксузот. Исто така, сигурни сме дека секој би бил импресиран од бадемите, смоквите, маслинките и другите дрвца кои го опкружуваат овој неверојатен имот.

%d0%ba%d0%be2

%d0%ba%d0%be3

%d0%ba%d0%be4

%d0%ba%d0%be5

%d0%ba%d0%be6

%d0%ba%d0%be7

%d0%ba%d0%be8

%d0%ba%d0%be9

%d0%ba%d0%be10

%d0%ba%d0%be11

%d0%ba%d0%be12

%d0%ba%d0%be13

%d0%ba%d0%be14

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП