28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Колку точно е голем пазарот на нафта?

График на денот: Колку точно е голем пазарот на нафта?

graf0000

Уште од измислувањето на моторот со внатрешно согорување, нафтата е една од најважните суровини на планетата. Без неа современиот транспорт таков каков што го знаеме, нема да биде можен. Индустрии, како авијацијата, воздушната, автомобилската, комерцијалната флота и воениот дел, денес не би изгледале на ист начин, коментира „VisualCapitalist“.

Се разбира, како што веќе знаеме, тоа доаѓа со цената на крајните негативи за животната средина. Иако новите зелени технологии и литиумската револуција на крајот ќе помогнат за намалување на улогата на нафтата во транспортната индустрија, факт е дека се уште користиме по 94 милиони барели сурова нафта на ден во целиот свет.

Како резултат на тоа енергетската индустрија продолжува да има сериозно влијание врз нашиот живот. Специјални групи на интерес, со фокус на енергијата влијаат на локално ниво. Во меѓувреме, од гледна точка на надворешната политика, земји како Саудиска Арабија и Русија заработија дополнителна географска и економска сила поради природните ресурси.

Целта на денешниот график е да помогне да се објасни влијанието што нафтата има врз земји и пазари, користејќи многу едноставна перспектива: големината на пазарот на сурова нафта во однос на сите пазари на метали, земени заедно.

Еден барел нафта може да се користи за повеќе цели, поради што се уште е потребен одличен волумен од суровината годишно, за да ја задржи потрошувачката.

Секоја година се произведуваат околу 34 милијарди барели годишно, а пазарот на нафта според сегашните цени изнесува 1,7 илјади милијарди долари годишно.

За споредба, на пазарот на златото годишно изнесува 170 милијарди долари, на железото е 115 милијарди долари, а на бакарот е 91 милијарди долари, а тоа се и трите најголеми пазари по нафтата. На следната позиција е алуминиумот со 90 милијарди долари, а многу по него доаѓа цинкот со 34 милијарди долари. Другите големи пазари се оние на магнезиумот (30 милијарди долари), никелот (21 милијарди долари) и среброто (20 милијарди долари). Пазарот на останатите метали, вклучувајќи ја платината, паладиумот, титаниумот, ураниумот и другите, вкупно изнесуваат 67 милијарди долари.

Вкупниот износ на сите пазари на метали достигнува 660 милијарди долари, а ова е само дел од големината на пазарот на нафта.

* Изданието ја пресметува големината на пазарите, а ја користи последната цена за релевантната суровина помножена со побарувачката за 2015-та година.

graf0001

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП