28 март, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАArchos претстави три нови телефони

Archos претстави три нови телефони

Untitled

Компанијата „Archos“ претстави линија на паметни телефони со „Android“ кои ќе бидат со многу прифатлива цена, а сите уреди ќе поддржуваат работа на две СИМ картички. Веројатно со своите карактеристики нема да им парираат на „HTC One“ или „Galaxy S4“, но сигурно нема да бидат без адути.

Најмалиот модел е „Carbon 35“ и тој доаѓа со 3.5 инчен IPS екран, 4GB интерна меморија и со предна и задна VGA камера. Процесорот работи на 1 GHz, со 512MB работна меморија и батерија со капацитет од 1300 mAh. Во него ќе биде интегриран оперативниот систем на „Android ICS“, а се очекува цената да му изнесува 100 евра.

„Archos Platinum“ 50 и 53 технички се идентични, а се разликуваат само по дијагоналата на екранот (5 и 5.3). Нивната цена ќе биде 229.99 и 279.99 евра. Тие ќе бидат со нешто посилен хардвер и тие ќе имаат процесор од 1.2 GHz, 1GB работна меморија и 4 GB интерна меморија која ќе може се да е прошири со microSD картичка. Доаѓаат со батерии кои имаат капацитет од 2000 и 2800 mAh. Резолуцијата на екранот на двата уреди е 960×540 пиксели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП