7 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАШнит филмски фестивал во Кинотека

Шнит филмски фестивал во Кинотека

shnit33

Во среда, со почеток во 20 часот, во Кинотека на Македонија ќе се одржи меѓународниот филмски фестивал Шнит, во чии рамки ќе се прикажат шест краткометражни филмови од шест различни земји.

На кинотечното платно  публиката ќе може да ги погледне филмовите „Многу осамен петел“ на Леонид Смелков од Русија, „Добар пат“ на Марк Вилкинс од Швајцарија, „Тркачот“ на Хозе Луис Монтесинос од Шпанија, „Чудна птица“ на Анук Фортуние од Белгија, „Елис“ на Нолан Куберо од САД и „Бања“ на Тим Елрих од Австрија.

Шнит фестивалот започнал во 2003 година во Берн како дводневен настан, а низ годините прераснал во дванаесетдневен настан со уникатен концепт на транснационален филмски фестивал кој во исто време се одржува во повеќе градови на пет континети во светот. Во овие дванаесет дена, на светската публика ќе и бидат претставени над 200 кратки филмови од различни кинематографии, жанрови и стилови. Исто така овој фестивал има и компетитивен карактер  кој доделува награди во вкупна вредност од 100.000 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП