9 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЗаводлив калифорниски ранч (фото)

Заводлив калифорниски ранч (фото)

%d0%b7%d0%b0%d0%b21

Сместен под калифорниското сонце и небо, а на само пет минути од заливот Монтереј, овој совршен ранч наречен Caramel Valley Ranch мирно ги исчекува љубителите на голфот или луѓето кои посакуваат одмор далеку од бучавата и стресниот живот.

Овој прекрасен имот со својата атмосфера ќе ве расположи, релаксира и истовремено ќе направи да бидете активни. Caramel Valley Ranch е место каде се вкрстуваат топлите западно калифорниски пејсажи со комфорот за кој сонуваат сите патници, а доколку сте и љубител на голфот, ова е идеалната дестинација за вас.

Теренот за голф со 18 дупки кој го дизјанираше познатиот Пит Дај, нуди можност за голф ветераните да уживаат во играта, а на почетниците им нуди часови со искусни учители. Доколку планирате да играте тенис, тука се и тениските терени и многубројните активности достојни за едно одморалиште со 5 ѕвезди.

Штом ќе зачекорите на овој прекрасен имот, ве обземаат спокојот и неверојатниот мир, супер услугата и луксузниот комфор. Ова одморалиште поседува и сауна која ќе ве доведе до зен расположение. За љубителите на книги, чашата вино со пуцкањето на огнот од камин ќе биде идеалното опуштање.

%d0%b7%d0%b0%d0%b22

%d0%b7%d0%b0%d0%b23

%d0%b7%d0%b0%d0%b24

%d0%b7%d0%b0%d0%b25

%d0%b7%d0%b0%d0%b26

%d0%b7%d0%b0%d0%b27

%d0%b7%d0%b0%d0%b28

%d0%b7%d0%b0%d0%b29

%d0%b7%d0%b0%d0%b210

%d0%b7%d0%b0%d0%b211

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП