8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИExxon Mobil заработи казна од 74 милијарди долари

Exxon Mobil заработи казна од 74 милијарди долари

exon333

Африканската држава Чад ја казни нафтената корпорација „Exxon Mobil“ со 74 милијарди долари поради неплатени даноци. Сумата е седум пати поголема од бруто домашниот производ на земјата за 2015-та година.

Казните наметнати од суд во главниот град Нџамена се во врска со обвиненијата против конзорциум, предводен од „Exxon“ за неплатени даноци, соопшти агенцијата „Bloomberg“, повикувајќи се на барање од Министерството за финансии на Чад.

Покрај големата сума владата во Нџамена сака и исплатата на 819 милиони долари во форма на хонорари.

Во Чад „Exxon“ управува со нафтени полиња и цевководен систем со кој ја транспортира сурова нафта за Камерун. Земјата произведува околу 160.000 барели нафта на ден. Во изјавата за „Huffington Post“ претставник на компанијата изјави дека таа не се согласува со одлуката на судот и во моментов ги размислува следните чекори.

Во исто време глобата на африканската држава доаѓа во позадина на другите проблеми за „Exxon“ во САД. Компанијата се соочува со бројни истраги за тоа дали ги лажела своите инвеститори и вршела измами, прикривајќи ги ризиците од климатските промени со години. Компанијата е под истрага од главните обвинители на Њујорк и Масачусетс, како и од американската Комисија за хартии од вредност и размена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП