6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИDeutsche Bank скратува уште 1.000 работни места

Deutsche Bank скратува уште 1.000 работни места

deutsche_bank

„Deutsche Bank“ објави дека разрешува уште 1.000 луѓе како дел од планот за намалување на 9.000 работни места. Информациите, цитирани од агенциите, е објавен на сајтот на банката.

„По објавувањето на договорот за затворање на 3.000 работни места во јуни 2016-та година, уште 1.000 работници ќе бидат отпуштени“, се наведува во соопштението. „Така бројот на затворените работни места во Германија ќе стане околу 4.000“.

Фигурата е дел од 9.000-те илјади места кои ќе бидат отпуштени од целиот свет, за да биде зголемена конкурентност на компанијата во рамките на стратегијата до 2020-та година“, се наведува во соопштението.

Во октомври 2015-та година банката ја објави својата намера да затвори 9.000 работни места и да се повлече од 10 земји.

Во септември „Wall Street Journal“ напиша дека „Deutsche Bank“ планира големи отпуштања и во Русија.

Според податоците на извори на весникот таму можат да бидат погодени околу 200 вработени кои се занимаваат со инвестициски операции.

„Deutsche Bank“ треба да го преиспита бизнис моделот за да се задржи профитабилноста на долг рок во средина на исклучително ниски камати, изјави директорот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристин Лагард во Вашингтон, каде што утре почнуваат есенските состаноци на Фондот и Светската банка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП