
Јапонскиот блог „Mac Otakara“ откри детали од подготовките за претставувањето на новите таблети на „Apple“.


Јапонскиот блог „Mac Otakara“ откри детали од подготовките за претставувањето на новите таблети на „Apple“.
Според податоците на „веродостојни“ извори, во пролетта 2017-та година компанијата има намера да пушти цела серија нови „iPad Pro“ уреди. Во неа ќе влезат не само досега познатите димензии на модели, туку и нов „мини“ модел со дијагонала на екранот од 7,9 инчи.
Треба да се истакне дека просечниот модел е со димензии 9,7 инчи до 10,1 инчи.
Најголемиот „iPad Pro“ ќе ја задржи 12,9-инчната форма, а ќе добие и 12-мегапикселна главна камера со блиц „True Tone“, а исто така и дисплеј „True Tone“, како кај современиот модел на „iPad Pro“ со 9.7-инчен екран.
7.9-инчниот „iPad Pro“ практично претставува редизајниран на „iPad mini 4“ со дисплеј „True Tone“ и 12-мегапикселна камера со блиц „True Tone“.