26 јуни, 2025
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксузно дизајнирани кујни Malue Cotbota

Луксузно дизајнирани кујни Malue Cotbota

w1

„Malue Cotbota“ има талент за уредување на кујнскиот простор во вашата куќа, исполнувајќи го со светлост која е во совршена рамнотежа со темните и сјајни нијанси.

„Malue Cotbota“ е интернационална компанија за дизајн, која во последните 18 години се занимава со дизајн на енетериерот и има освоено голем број на награди.

Тие не дизајнираат само кујни, туку го дизајнираат секој простор во внатрешноста на објектот. Нивните креации се софистицирани, модерни, шик, многу луксузни, практични и неверојатно препознатливи на прв поглед по својот голем квалитет.

Нивните производи насекаде во светот се препознаени како производи со исклучително висок квалитет, како раскошни и екстра луксузни модели. Нивните креации на кујни се вклопуваат во луксузно уредените домови, но и во традиционално уредените простории.

Повеќето делови од кујната се изработени од најквалитетните парчиња дрво, во повеќе бои. Во голема мера е застапен и италијанскиот мермер со врвен квалитет кој чини вистинско богатство. Ефектите од светлината во различни бои на овие кујни им даваат прекрасен финиш кој го посакувате и кој можете да го доживеете без разлика од кој агол ја набљудувате кујната. Целокупниот дизајн е финиширан со предмети како лампа, вазна, лустери и сл. кои дополнитено ја потенцираат креацијата.

Најчесто застапени бои се белата, кафената, розевата, сината и зелената. Цента на една ваква кујна се движи од 80,000 долари па нагоре.

w2

w15

w14

w13

w12

w11

w10

w9

w8

w7

w6

w5

w4

w3

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар