25 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМодна недела во Unique со креации од реномирани модни дизајнери

Модна недела во Unique со креации од реномирани модни дизајнери

Unique

Центарот за убавина Unique на 20.04.2013 година (сабота) со почеток од 14:00 часот организира отворање на модниот настан „Биди Unique матурантка“. На настанот ќе бидат претставени модни креации на реномирани македонски модни дизајнери, Ненад Сeкирарски, Маја Кикириткова, Олгица Ѓеоргиева, Александра Митковска, Бобан Илиевски и тимот на Ludus Loves Fashion.

Модните креации на познатите дизајнери ќе бидат изложени во Центарот за убавина Unique и понудени за продажба, а дел од нив ќе бидат претставени и на организираната модна ревија со моделите од Моделс ИН.

Матурските прослави се моменти на кои сите ние со задоволство се сеќаваме. Токму затоа, оваа година Центарот за убавина Unique одлучи да им помогне на матурантите кои сакаат да заблескаат на својата матурска вечер. Поканивме реномирани македонски дизајнери да креираат парчиња облека специјално наменети за новата генерација матуранти, а тие со задоволство ја прифатија нашата идеја и се согласија своите креации да ги понудат по исклучително поволни цени. Во оваа прилика ги покануваме и заинтересираните матуранти да ни се приклучат во сабота на заедничка модна забава и уживање“ – изјавија од Unique.

За матурантите кои ќе одлучат да купат некоја од понудените креации во периодот од 20-30 април 2013 ќе биде обезбеден попуст од 15% на цената на креацијата и бесплатна професионална шминка или професионален манакир по избор во Центарот за убавина Unique.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП