3 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕОва се најскапите патики во светот (фото)

Ова се најскапите патики во светот (фото)

ги1

Buscemi белите патики наречени 100mm Diamond се најскапите патики во светот. Чинат неверојатни 132.000 долари!

Направени се од најквалитетните материјали кои постојат, но да видиме што ги прави толку скапи.

Дијамантите нормално! Овие патики се украсени со дијаманти од 11,5 карати. Како додаток имаат катанец со логото на Buscemi, изработено од 18 каратно злато. Нормално, изработени се од врвна премиум кожа, но и понатака не можеме да сфатиме зошто толку чинат.

Всушност, овие патики сигурно ќе го пронајдат својот купувач кој сака луксузни нешта во животот и не прашува за цена. На модните лудости им нема крај.

Станува збор за лимитирано издание на патики. Дизајнирани се по повод прославата и отворањето на новиот објект на брендот Buscemi во Њујорк. Овие патики ќе можете да ги набавите само во продавницата која се наоѓа во Сохо.

Патиките дефинитивно наскоро би можеле да се најдат и во Гинисовата книга на рекорди.

ги2

ги3

ги4

ги5

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП