
Шпиц е време во текот на денот, најчесто наутро и попладне, кога најголем број луѓе ги користат патиштата за да дојдат на работа, да одат на работа или да си одат од работа


Шпиц е време во текот на денот, најчесто наутро и попладне, кога најголем број луѓе ги користат патиштата за да дојдат на работа, да одат на работа или да си одат од работа
Дефиниција за Rush Hour
Тргнувајќи од дефиницијава, сакале да признаеме или не, ние сме во шпиц 24/7. Порано можеби имаше период кога фреквенцијата на луѓе е во некој интервал, но сега не е така. Ако го прифатиме ова, ќе ни биде полесно да знаеме што да правиме во тој момент.
А од друга страна, пак, сите сме свесни дека сме во шпиц и сепак како најчест изговор за нашите доцнења за извршување на работите е баш шпицот. И така се вртиме во круг, а идејата е како да извлечеме максимум позитивно за нас, а со тоа и на другите, а не да се нервираме и да доаѓаме нервозни на крајната дестинација.
Што и да направите, за да си олесните на себеси во тој период, најважно е да прифатите дека сте во таков дел од денот, но гледајте тоа да не ви се повтори. Планирајте го убаво времето, и немојте да дозволувате метежот да ви влијае на расположението. Ако веќе почесто ви се случува, има и други превозни средства кои може да ги користите.
Со успех во промените,
@kalin.babusku
Член на тимот
МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ Консалтинг