27 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ ќе разгледува подобрување на односите со Русија без укинување на санкциите

ЕУ ќе разгледува подобрување на односите со Русија без укинување на санкциите

еу-русија-санкции

Челниците на Европската унија ќе ја разгледуваат следниот месец можноста за подобрувања на односите со Русија, бидејќи некои земји членки се незадоволни поради економските санкции наметнати на Москва поради нејзината наводна улога во украинскиот конфликт и поради присоединувањето на црноморскиот полуостров Крим, иако неколкуте истражувања на Reuters покажале дека компании токму од земјите најголеми поборници за тоа ги заобиколуваат санкциите.

Меѓутоа, се чини дека засега економските санкции кои ЕУ го воведе веднаш по САД, ќе останат на сила особено оние кои се воведени откако Крим во март 2014 година преку референдум изгласа враќање на автономијата и присоединување на Руската Федерација што Западот го смета за нелегално руско анкетирање на украинска територија.

Меѓутоа, повеќе истражувања на Reuters покажале дека големи европски компании, вклучително и германската „Siemens“ и француската „Auchan“ ги заобиколуваат санкциите особено на Крим.

Европските челници ќе ги разгледуваат односите на Русија на самитот што ќе се одржи на 20-ти и 21-ти октомври, а позициите на жестоките поборници на санкциите се ослабени поради одлуката на Велика Британија да излезе од Европската унија, како и од зголемените тензии меѓу Брисел и десната влада во Полска.

Италија, Грција, Купар, Словачка и Унгарија се сомничави во однос на продолжувањето на санкциите и се расположени повторно да тргуваат со Русија, забележува Reuters.

„Ќе биде сé потешко да се продолжуваат санкциите. Но тоа би можело да се стори доколку главните скептици се уверат дека постојат други елементи во европската политика кон Русија, а не само санкциите“, изјавил еден неименуван висок европски функционер за агенцијата.

„Ќе има такви коишто ќе сакаат да се спушти линијата за Русија, да се упати сигнал дека ЕУ, кога Москва би направила само еден мал чекор, би сакале малку да ја нормализираат ситуацијата. А ќе има и такви коишто ќе сакаат да се подигне прагот“, рекол друг европски функционер.

„На крајот ќе останеме, горе-долу, тука кафе што сме сега. Во прилог на оние кои сакаат попуштање им оди тоа што за продолжување на санкциите е потребен консензус. Ни никој не сака сам да го блокира продолжувањето (на санкциите). Би било поинаку, доколку неколку би истапиле заедно“, додал.

Италија подолго време се залага за детална економска расправа за суштината на санкциите, наместо да се дозволи техничко продолжување на секои шест месеци. Санкциите би требало повторно да бидат продолжени кон крајот на јануари следната година.

Државите коишто се помалку наклонети кон Русија, сега почнуваат да сфаќаат дека можеби ќе бидат потребни некои отстапки за да се сочува едногласната поддршка за санкциите. „Мораме да разговараме за нашите заеднички интереси со Русија, но и да се остане единствени во поглед на санкциите“, рекол еден европски дипломат.

Германија ги поддржува таквиот пристап. Меѓутоа, имајќи ја предвид големата недоверба меѓу Брисел и Москва, напредокот ќе биде тежок дури и во областите во кои постојат заеднички интереси, како што е борбата против тероризмот и криумчарењето дроги.

Другите предлози за подобрување на односите со Русија вклучуваат поттикнување на трговијата или меѓународни санкции. Но длабоките несогласувања меѓу Русија и Западот тоа го отежнуваат.

Покрај тоа, се чини дека е невозможно ЕУ и Русија да постигнат договор околу Крим, се оценува во анализата на Reuters. Русија, од своја страна, порачува дека никогаш нема да се откаже од Крим, додека Западот е упорен дека никогаш нема да признае дека полуостровот не е територија на Украина. Иако, сé погласни се најавите на некои западни политичари, особено оние кои претендираат на челни позиции на изборите следната година оти за статусот на Крим ќе биде разговарано.

Европските функционери признаваат дека знаат оти некои европски компании ги користат правните „сиви области“ и натаму да тргуваат со Крим, напомнувајќи дека тоа не е ништо ново, но сметаат дека тоа не треба да ја загрозува самата политика на санкциите.

„Клучни се економските санкции и најважната цел е да се сочува единството во тој поглед“, рекол европски функционер кој се занимава со односите со Русија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП