25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКако настанува новата Honda Civic? (видео)

Како настанува новата Honda Civic? (видео)

fab 300

„Honda“ на средината на септември ја претстави новата генерација на хечбекот „Civic“, а сега имаме можност да погледнеме во производниот погон во Велика Британија каде се изработува овој модел.

Новиот „Civic“ ќе се продава во 70 земји ширум светот, а сите примероци до своите сопственици ќе пристигнуваат токму од фабриката во Свиндон. Јапонската компанија инвестираше околу 150 милиони фунти со цел да го подготви погонот за производство на овој модел.

Каде беа потрошени тие пари, делумно може да се види во краткиот филм кој октрива детали од производниот процес во Свиндон:

Засега не е познато дали новиот „Civic“ во Европа ќе има во понуда три мотори. Новите трицилиндарски 1.0-литарски бензински мотор ќе произведува 129 ks и 200 Nm, додека оние кои сакаат помоќен бензински агрегат може да се определат за четирицилиндарски 1.5-литарска „VTEC“ единица со 182 ks и 260 Nm. Моќта на тркалата стандардно ќе се пренесува со помош на шестбрзински мануелен менувач, а на располагање е изборен „CVT“ преносен систем.

Дизелите ќе ги претставува познатиот, 1.6-литарски „i-DTEC“ турбо мотор, кој во актуелниот модел испорачува 120 ks. Во „Hondа“ велат дека оваа погонска единица ќе биде помоќна и унапредена, со цел да се намали емисијата на јаглерод-диоксид. Новата „Honda Civic“ ќе биде изложена на претсојниот саем за автомобили во Париз, а во продажните салони најверојатно ќе пристигне на почетокот на 2017-та.

fab 301

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП