13 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕПрекрасна вила со поглед на Сан Франциско (фото)

Прекрасна вила со поглед на Сан Франциско (фото)

пре1

Иако можеби делува изолирано од остатокот од светот, Guitar вилата е исклучително комфорна и дава мир и тишина за кои многумина од нас сонуваат…

Сместена во Сан Франциско, во близина на заливот каде се наоѓаат и престижните и луксузни вили, оваа величествена куќа им дозволува на своите сопственици да уживаат во луксузот и мирот, во самото срце на природата, на само десет минути од центарот на градот.

Овој величествен имот е дизајниран како нешто што се труди да ја сочува нашата планета, па се користени интересни еколошки материјали, а применет е и поинаков пристап на шик префинетост. Ова е најверојатно најголемиот еколошки дом во Америка, чиј просец на изградба траел пет години, а за крајниот резултат е заслужен тимот на архитектонската компанија Сим Ван Дер Рун.

Сместена на имот од 11 хектари, со бујна вегетација и падини, оваа вила ви нуди поглед на познатата панорама на Сан Франциско и има околу 1.370 квадратни метри простор. Главната резиденција е поделена на две нивоа, вклучувајчи мастер апартман и дополнителни три спални соби, како и професионално музичко студио и домашно кино, порај специјализираниот оддел за гости.

Сопствениците на овој неверојатен имот, кои се подотвени да платат 30 милиони долари, можат да уживаат и во фитнес центарот, винскиот подрум и теренот за рекетбол кој ги исполнува сите прописи. Градините и овоштарниците ќе им помогнат да останат фит и здрави, исто како и базенот, спа центарот и спортските терен. Ова вила навистина има се!

пре2

пре3

пре4

пре5

пре6

пре7

пре8

пре9

пре10

пре11

пре12

пре13

пре14

пре15

пре16

пре17

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП