26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSberbank заработила 13,8 мил евра во првата половина од годината

Sberbank заработила 13,8 мил евра во првата половина од годината

sberbank-sber-sberbank

Во текот на првите шест месеци од оваа година „Sberbank Europe“ групацијата остварила добивка од 13,8 милиони евра по оданочувањето. Позициите на капитал и ликвидност се зајакнати, со што е овозможен понатамошниот раст на работењето на групацијата како со населението, така и со правните лица на сите пазари.

И покрај предизвикувачкото деловно опкружување, нето приходот од каматите пораснал за 21 процент, односно за 148 милиони евра во споредба со јуни 2015 година. Нето приходот од надоместот се зголемил за 39 милиони евра. Воедно, намалени се административните трошоци од 152 милиони на 132 милиони евра.

„Sberbank Europe“ константно го подобрува квалитетот на своето кредитно портфолио, што е прикажано преку намалувањето на процентот на лоши кредити на 10 проценти. Заклучно со 30 јуни 2016 година, вкупната консолидирана актива на групацијата изнесува 12,5 милијарди евра. „Sberbank“ ја зголеми својата активна база на клиенти за 9,4 проценти од 604 илјади клиенти на 661 илјада клиенти.

Во рамките на работењето со правните лица, „Sberbank“ останува фокусирана на својата сила како мост помеѓу Русија/ЗНД и европските пазари. Банката ќе продолжи да работи со населението нудејќи производи и услуги кои се одраз на финансиските потреби на клиентите на разни пазари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП