
„Honda“ ја претстави европската верзија на 10-тата генерација на хечбекот „Civic“. Јавното деби на моделот ќе се одржи за време на стартот на автомобилскиот саем во Париз на крајот на месецот.


„Honda“ ја претстави европската верзија на 10-тата генерација на хечбекот „Civic“. Јавното деби на моделот ќе се одржи за време на стартот на автомобилскиот саем во Париз на крајот на месецот.
За возилото се предвидени исклучиво 3- и 4-цилиндричен турбомотор, а самиот тој е изграден на нова платформа, благодарение на која е полесен за 16 килограми во споредба со својот претходник.

Димензиите на хечбекот се должина од 4497 мм, ширина од 1800 мм и висина од 1421 мм. На овој начин новиот „Civic“ е за 130 мм подолг, за 30 мм поширок и за 20 милиметри понизок од претходната генерација. Растојанието помеѓу двете оски е зголемено за 30 мм и веќе достигнува 2700 мм. Волуменот на багажникот останува ист – 478 литри.

Во палетата мотори влегуваат 2 нови бензински турбомотори – 3-цилиндричен со зафатнина од 1,0 литар, развива 127 КС, како и 4-цилиндричен со зафатнина од 1,5 литри. Неговата моќност е 180 КС. Агрегатите можат да се комбинираат со 6-брзински мануелен менувач или со вариаторна трансмисија. Податоци за динамиката и потрошувачката на горивото засега не се објавени. Во подоцнежна фаза ќе се нуди и 1,6-литарски дизел со околу 120 КС.

Автомобилот доби дигитален инструмент панел со „TFT“ дисплеј, како и мултимедијален комплекс „Connect“ од втората генерација. Тој располага со 7-инчен екран чувствителен на допир и ги поддржува „Apple CarPlay“ и „Android Auto“.

Во опремата на хечбекот се вклучени уште систем за предупредување за опасност од директен судир, систем за контрола на лентата на движење, адаптивен круз-контрол, како и функција за контрола на „мртвите“ зони и за препознавање на сообраќајните знаци.
