Сместена во Kонектикат во САД, оваа „Conyers Farm Lakefront“ вила може да биде ваша по цена од 14 милиони долари…
Овој имот кој се простира на површина од 10 хектари содржи вила која има околу 1.500 квадратни метри површина, шест спални соби и десет бањи.
Изградена е во 1984 година и сместена е на езерото Конверс. Опкружена e со величествено уредени градини, има прекрасен поглед и мноштво простор идеален за интимно уживање или поголеми друштвени собири.
На овој имот секогаш можете да пронајдете место каде ќе можете во мир да уживате во своите мисли, добрата книга или удобното друштво на саканото лице.
Исто така, таа има затворен базен, каде што ќе можете да уживате во секој миг, ден, месец, година…