3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAirbus отвори нова фабрика во Романија

Airbus отвори нова фабрика во Романија

ecr5

Француската компанија „Airbus“ отвори во Романија нова фабрика за производство на хеликоптерите Н215, во која инвестираше 50 милиони евра.

Фабриката во Гимбав, одалечена 180 км северно од Букурешт, ќе произведува околу 15 хеликоптери Х215 кога ќе ги постигне полните производни капацитети и ќе обезбеди работни места за повеќе од 300 луѓе на долг период, соопшти компанијата.

Според зборовите на францускиот претседател Франсоа Оланд, тоа се вклопува со напорите за унапредување на европската одбранбена соработка.

„Мораме да соработуваме на овој начиј со цел да создадеме услови Европа да има своја европска одбранбена политика“, изјави тој.

„Работните места кои ќе се отворат овде не им штетат на француските или германските работници. Новите работни места овде ќе доведат до создавање на нови работи места во Франција и во Германија“ заклучи Оланд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП