17 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНамирници со кои ќе се спасите од есенските вируси

Намирници со кои ќе се спасите од есенските вируси

bademi

Овие шест намирници задолжително внесете ги во својата исхрана, со тоа вашиот имунитет ќе биде значително посилен.

Шампињони

Шампињоните содржат антиоксиданси, а истите во намалуваат стареењето. Шампињоните содржат витамин Б и ниацин, кои се важни за човековиот имунитет. Тие се одлични против вируси, бактерии и тумор.

Зелка

Зелката е богата со витамин Ц и глутамин кој го зајакнуваат имунолошкиот систем. Она што е добро кај зелката е дека таа е ефтина и достапна е за време на зимските месеци.

Бадеми

Една рака бадеми помага да го подобрите вашиот имунолошки систем. Препорачаната дневна количина бадеми од ¼ чаша е доволна да ги покрие 50 проценти од дневната потреба на организмот за витамин Е.

Грејпфрут

Грејпфрутот е богат со витамин Ц, и е задолжен да го чува вашиот имунитет. Ако не сте обожаватели на грејпфрут, пробајте портокали или мандарини.

Јогурт

Дневно една чаша јогурт ја намалува можноста од настинка. Кога купувате јогурт погледнете ја листата на витамини кои ги содржи и витаминот Д. Истражувањата покажаа доколку не постои витаминот Д во организмот се зголемува ризикот од добивање настинка.

Спанаќ

Спанаќот е исто така хранлив. Содржи фолат кој помага по подобрувањето на крвната слика. Исто така содржи влакна и антиоксиданси како и витамин Ц. Јадете го спанаќот сиров или варен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП