7 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕВистината за Кока-Кола: Сите нејзини штетни состојки и што се случува во...

Вистината за Кока-Кола: Сите нејзини штетни состојки и што се случува во нашето тело откако ќе ја внесеме

2455522-7796458715-28754

Дали пијалокот Кока-Кола е така безопасен како што изгледа на новогодишните реклами кога ја пие Дедо Мраз? Ја пиеме секојдневно, неосврнувајќи се на тоа дека е исклучително штетна по нашиот организам.

Најмоќниот бренд во светот е Кока-Кола. Дневно се консумираат 2 милијарди нејзини производи во 207 држави. Што мислите од каде потекнува слоганот Кока-Кола и насмевка? Кокаинот од содржината на Кока-Кола е исфрлен уште пред повеќе од 100 години затоа што не бил потребен, бидејќи постојат и други состојки кои ја обавуват истата функција како кокаинот.

Ако подобро размислите, запрашајте се зошто рецептурата на Кока-Кола е тајна и зошто никој досега не успеал да ја копира формулата. Во моментов само двајца луѓе во светот ја знаат таа формула и никогаш не патуваат со ист авион. Тајната се чува.

coca-cola-blood

Како настанала – историјата на Кока-Кола

За датум на создавање на Кока-Кола се смета 08.05.1889 година кога аптекарот Џон Пембертон пробал да направи лек за главоболка. Џон измешал, како главни состојки, екстракти од две билки, јужно американската Кока и Африканската Кола.

Овој лек бил продаван по 5 центи. Набрзо, лекот станал толку популарен поради ефектот на кокаинот и кофеинот кои ги содржел и се препишувал за главоболка, омалаксаност, слабост, стомачни проблеми и сл…

Не е ни чудно, бидејќи три чаши од пијалокот Кока-Кола имале во себе кокаин идентично на една доза која ја користат наркоманите. Пациентите се чувствувале силни и моќни, а главоболката им престанувала.

Џон Памбертон од 1888 година започнал да го продава својот бизнис на разни партнери, меѓу кои бил и бизнисменот Аса Кандлер, кој конечно, во 1891 година ги откупува сите права со вкупни трошоци од 2.300 долари.

На почетокот на 20 век (1903) Кока-Кола морала да го исфрли кокаинот од состојките, но затоа е зголемено присуството на кофеин кој исто така е стимулатор, но не е забранет. Кока кола содржи 19,6 мг кофеин во 200 мл течност (една чаша). Од тогаш Кока-Кола има слична рецептура која и понатака се чува во тајност, но благодарение на современите трендови се менуваат засладувачите, главно поради тоа Кока-Кола да не зависи од цената на шеќерот на пазарот.

Во 1919 Кандлер Кока-Кола компанијата ја продава на Ернес Вудруф за 24 милиони долари.

Денес вредноста на компанијата се проценуа на речиси 200 милијарди долари, со годишен приход од повеќе од 48 милијарди. Низ целиот свет вработува 146.000 лица. Таа е најпрепознатливиот бренд (97% од популацијата го препознава логото). Секоја секунда се пијат околу 1000 Кока-Кола производи.

Интересно е тоа што, доколку Кока-Кола Компани беше држава, со годишен приход од повеќе од 48 милијарди долари би била на 76-тото место од 195 држави, значи би била помоќна од 120 држави.

cocacola_1

Што се случува во нашето тело кога ќе се напиеме Кока-Кола?

Дали сте се запрашале зошто Кока-Кола ја пиеме со насмевка? Тоа е поради тоа што со неа се дрогираме, иако кокаинот од овој пијалок е исфрлен пред повеќе од 100 години.

10 минути откако сме се напиле кока-кола:

10 лажички шеќер се внесени во нашиот организам. Но поради фосфорната киселина која го намалува слаткиот вкус, ние нема да повратиме.

20 минути откако сме се напиле кока-кола:

Количината на шеќер во крвта нагло пораснува и предизвикува инсулинска експлозија. Нашиот црн дроб одговара со тоа што целиот шеќер во крвта го претвара во маснотии (во овој момент црниот дроб е многу оптоварен со работа)

40 минути откако сме се напиле кока-кола :

Кофеинот од кока-колата е потполно апсорбиран. Ни се шират зениците, расте крвниот притисок, а како резултат на тоа, нашиот црн дроб уште повеќе пумпа шеќери во крвотокот. Аденозин рецепторите (кои се наоѓаат во мозокот) во овој момент се блокирани и поради тоа ние не осеќаме вртоглавица.

45 минути откако сме се напиле кока-кола:

Телото го зголемува производството на допамин, кои ги стимулираат центрите за пријатност во мозокот. На овој ист начин ни делува и хероинот.

1 час откако сме се напиле кока-кола:

Фосфорната киселина реагира со калциумот, магнезиумот и цинкот во дебелото црево, предизвикувајќи додатна експлозија во метаболизмот. Ова накнадно се компликува со големите дози на шеќер и вештачки засладувачи, кои го зголемуваат лачењето на калциум во мокрачата.

Повеќе од 1 час откако сме се напиле Кока-кола:

Диуретските својства на кофеинот почнуваат да влијаат на нашето тело (зголемена потреба за мокрење). Тогаш целиот калциум, магнезиум и цинк, кои биле наменети за нашите коски и тело, како и електролитите на натриумот и водата се исфрлуваат од телото.

Блиску 2 часа откако сме се напиле Кока-кола:

Хаосот во нашето тело стивнува и започнуваме да осеќаме недостаток на шеќер. Во овие моменти можеме да бидеме многу лесно раздразливи и вознемирени. До сега сме ја исфрлиле преку мокрачата, целата вода од Кока-колата. Но таа вода која сме ја исфрлиле, претходно се соединила со најважните хранливи материи од нашето тело, потребни за изградба на нашите заби,коски, мускули и нерви. Поради ова, телото ги нема во овој момент потребните минерали за нормално функционирање.

Неколку часа откако сме се напиле Кока-кола:

Поради створената навика, организмот чуствува недостаток на кофеин и се јавува желбата за уште една доза на Кока-кола.

Покрај многу важните микроелементи кои сте требале да ги апсорбирате, вие исфрлате и огромна количина на течности. Доаѓа до шеќерен колапс и едноставно морате да ја поправите состојбата. Ако сте навикнати на Кока-Кола, тоа ќе ви биде најлесниот начин, и всушност, Кока-Кола баш ни одговара. Дали знаете дека Кока-Кола можеме да ја класифицираме во дроги, многу е лесно да се навлечете на неа, а последиците се вишок килограми и стомак како кај трудница.

rusija-nema-da-ima-uvoz-izvoz-povekje-05

Кои супстанци се наоѓаат во Кока-Кола и колкава е нивната штетност?

Фенилаланин – Го намалува лачењето на серотонинот (хормон на среќа) и предизвикува зависност.

Фосфорна киселина – Е338 – Ја смалува густината на коските, затоа што ги врзува калциумот и магнезиумот и формира соли. Предизвикува болести на бубрезите и создавање на камења.

Натриум цикламат – Е952 – Вештачки засладувач кој бил забранет во 60-тите год. од минатиот век, бидејќи откриено е дека формира канцерогени материи во организмот.

Ацесулфам К – E950 – Се мисли дека е канцероген.

Аспартам – E951 – Се мисли дека е штетен за мозокот, и дека е ризик фактор за предизвикување на тумор.

Кофеин – Предизвикува зависност.

Натриум Цитрат – регулатор на вкусот кој всушност е анестетик (за јазик) и антикоагулант.

Натриум Бензоат – Е211- Конзерванс, кој може да реагира со витамин Ц и формира Бензен, чии канцерогени својства се веќе познати. Исто така е утврдено дека оваа хемикалија предизвикува клеточно оштетување, бидејќи влијае на ДНК митохондриите.

Во 2007 година е откриено дека натриум бензоат (Е221) предизвикува хиперактивност и ја намалува интелигенцијата кај децата.

Според овие истражуања IQ опаѓа и до 5,5 поени. Од Кока-Кола изјавија дека ќе ја откажат употребата на Е221 веднаш што се пронајде адекватна замена.

Coke-can-sugar-in-glass-456722

Вештчки засладувачи и ГМО шеќери

Покрај сите маки и зависности кои овој, најпопуларен пијалок, ни ги носи, во поново време имаме проблем и со засладувачите и ГМО шеќерите.

За пијалокот Кока-Кола да биде поевтин, наместо шеќер се користи високо фруктозен пченкарен сируп (high fructose corn syrup – HFCS) кој се добива од генетски модифициран (ГМО) шеќер. Во светот се врши голем притисок Кока-Кола да се етикетира како ГМО. Аспартамот е уште еден засладувач кој е ГМО, а се произведува со помош на ГМО бактерија.

Многу студии на HFCS го доведуваат во врска со тешкото заболување дијабетес тип 2. Истражувачите од Универзитетот Оксфорд дошле до заклучок дека дијабетесот тип 2 е за 20 проценти позастапен во земјите во кои се користи HFCS во храната и пијалоците.

Средството за боење на Кока-Кола 4-MEI (метилимидазол) е канцерогено

Средството за боење 4-MEI (метилимидазол) во Калифорнија е ставено на листата со канцерогени производи така што Кока-Кола и Пепси ќе мораат да го променат рецептот. Всушност да ја отстранат состојката 4-MEI која покрај овие пијалоци се наоѓа и во соја сосовите и некои видови на пиво. Тестирањата на животните покажаа дека ова средство може потенцијално да биде канцерогено и да предизвика тешки заболувања, како што е ракот на бели дробови, ракот на црниот дроб, леукемија….

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП