23 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАТркачки симулатор вреден 107.000 евра

Тркачки симулатор вреден 107.000 евра

trkacki-simulator-1

Во светот на современата технологија можете да пронајдете различни уреди или направи, потребни или непотребни, ефтини или скапи, но малку се тие што ќе ги одушеват вистинските гејмери и љубители на автомобилскиот спорт како моделот за кој денеска ќе пишуваме.

trkacki-simulator-3

Многу повеќе од обичен волан кој можете да го поврзете со компјутер, тркачкиот симулатор „FMCG International“ ќе ви помогне да ја донесете патеката во вашата дневна соба.

Буквално станува збор за копија на вистински болид од Формула 1, кој е направен од јаглеродни влакна, вистински аеродинамични компоненти, алуминиум делови, „AP Brembo“ тркачки педали, алуминиумско-магнезиумски фелни, оргинални гуми од „Pirelli“ како и многу други компоненти кои Алонсо, Фетел или Раиконен може да ги најдат во своите болиди.

trkacki-simulator-2

За подобро уживање тука се трите 23-инчни TFT екрани на прилагодлива рамка, 5.1 дигитален аудио систем со највисок квалитет, додека „срцето“ на симулаторот е процесорот „Intel i7“, заедно со SSD хард диск, 16 GB RAM меморија, „Windows 7“ оперативен систем и бежична тастатура и глувче.

Ваквиот симулатор нималку не е ефтин и веројатно е наменет за најтврдокорните љубители на тркачки видео игри, па така малкумина се тие кои ќе можат да одвојат близу 107.000 евра.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП