3 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕКатче за уживање - Shangri-La (фото)

Катче за уживање – Shangri-La (фото)

ка1

Како идеално место за одмор, мир, приватност, луксуз и комфор, се појавува одморалиштето „Shangri-La“ на Фиџи, а особено неговиот спа дел…

Фиџи е место каде ќе го загубите поимот за време и ќе станете едно со природата. Апартманот „Premier Ocean Bure“ е рајски простор каде можете да уживате во магијата на овој остров, впивајќи сила од погледот кој се простира преку неговите прозорци, кон златниот песок и заоѓањето на сонцето.

Со поглед на лагуната и гребенот, овој апартман наменет за паровите е декориан со богати дрвени текстури и материјали кои не асоцираат на топлиот и грациозен дух на јужниот Пацифик. Апартманот е сам по себе прилично простран и содржи мастер спална соба, бања со када и одвоена туш кабина.

Тука можете да нуркате во беспрекорната вода на овој остров, на располагање имате и три базени, а CHI спа центарот е нешто што ќе ве направи среќни. Ова одморалиште има и неколку опции за вкусни оброци, како и услуга во соба 24 часа на ден.

Секако, покрај врвните третмани во спа центарот и услугите на светско ниво, веројатно најмногу ќе уживате во погледот на јужниот Пацифик секое утро. Вистинската среќа е во деталите, уживајте…

ка2

ка3

ка4

ка5

ка6

ка7

ка8

ка9

ка10

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП