12 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMercedes го покажа „комбето на иднината“, создадено за испорака на пратки (фото+видео)

Mercedes го покажа „комбето на иднината“, создадено за испорака на пратки (фото+видео)

vanmece 01

„Mercedes-Benz“ ги откри плановите за „комбето на иднината“. Тој ќе се користи за снабдување и нуди целосно автоматизиран утовар и беспилотни летала, кои ќе ги испорачуваат пакетите до нивното одредиште.

Електричниот „Vision Van“ е развиен за да ги направи последните фази на процесот на испорака поефикасни и посигурни. Тој дејствува како „отскочна даска“ за неколку беспилотни летала, кои се во можност да го испорачаат пакетот побрзо, отколку ако летаат по целиот пат од складиштето до вратата на примачот.

vanmece 02

Компанијата верува дека нејзиниот транспортер ќе го зголеми квалитетот и флексибилноста на курирски услуги, особено во населените урбани области каде паркирањето и истоварувањето се проблем.

Од „Mercedes-Benz“ исто така тврдат дека времето за испорака ќе се намали, што значи дека трговците би можеле попрецизно да го пресметуваат времето за испорака на своите клиенти.

vanmece 03

Како и беспилотните летала, комбињата ќе располагаат со голем број на технологии, вклучувајќи и целосно автоматизиран систем за управување на товарниот простор. Системот го скенира товарниот простор во комбето за вистинскиот пакет, откако тоа ќе пристигне на дестинацијата. Откако ќе се утврди каде се наоѓа пратката, таа се издига до подвижниот покрив, каде се прикачува на дронот и го презема патот кон примачот.

vanmece 04

Дизајнот на самото комбе дефинитивно е футуристички. Во предниот дел има широко стакло кое се разлева во страничните прозорци. Решетката на ладилникот е опремена со серија на „LED“ диоди, а во задниот дел на возилото втор сет на светла служи за предупредување на околните возачи кога беспилотни летала се на пат да полетаат или кога комбето запира или возачот е надвор од него, наведува „Dezeen“.

vanmece 05

Внатре воланот и педалите се заменети со џојстик, кој му овозможува на возачот да управува, да го запира и да го забрзува возилото.

„Mercedes-Benz“ не е првата компанија која нуди современа технологија за снабдување. Онлајн трговецот на мало „Amazon“ неодамна претстави видео на своите беспилотни авиони за испорака „PrimeAir“, тврдејќи дека услугата ќе биде во можност да испорача пакети во рамките на 30 минути, откако се нарачани.

„Google“ исто така, објави видео во 2014-та година, каде покажува тестови на сопствената услуга со беспилотен авион, наречен „Project Wing“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП