7 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSony го претстави новиот PlayStation 4, сака да го задржи приматот на...

Sony го претстави новиот PlayStation 4, сака да го задржи приматот на пазарот

пс4

Јапонскиот концерн Sony претстави во средата две нови верзии на PlayStation 4, обидувајќи се да ја зацврсти својата водечка позиција на пазарот на играчки конзоли.

Јапонската компанија во Њујорк го претстави новиот стандарден PlayStation, потенка , полесна и енергетски поефикасна верзија. Новиот стандарден PlayStation 4, ќе биде достапен од 15-ти септември по цена од 299 долари.

Огранокот Sony Interactive Entertainment го претстави PlayStation 4 Pro, кој има посилна графика и побрз процесор, а во продавниците ќе се појави на 10-ти ноември, и цената ќе му изнесува 399 долари. Новата верзија има поголема резолуција и пореални слики, и овозможува 4k резолуција и поголем динамичен распон (HDR), рече извршниот директот на филијалата, Ендрју Хаус, објавено е на сајтот на компанијата.

PlayStation 4 Pro, чиешто кодно име е „Neo“ ќе ги поддржува очилата на Sony за виртуелна реалност, коишто ќе бидат лансирани во октомври годинава. Очилата PlayStation VR ќе почнат да се продаваат во САД на 13-ти октомври, со 50 наслови на располагање до крајот на годинава, објави компанијата.

Повеќето игри за оригиналниот PlayStation 4, кој е продаден во 43 милиони примероци откако беше лансиран во ноември 2013 година, ќе биде компатибилен со новата Pro верзија, соопштија од Sony. Покрај тоа, Sony ќе овозможи надградба за повеќето од 40-те милиони корисници на конзолата PlayStation 4 во HDR.

Продажбата на PlayStation далеку ги надмина продажбите на Xbox на Microsoft и Wii U на Nintendo, меѓутоа и двата конкурентна своите конзоли треба да ги претстават следната година, па со овој потег во Sony сакаат да ја задржат предноста во продажбата.

Во финансиската година, којашто трае до 2017 година, јапонската корпорација очекува дека одделот за уреди за играње ќе учествува со 45 отсто во вкупната оперативна добивка. Во Sony очекуваат дека во оваа финансиска година ќе продадат 20 милини конзоли PlayStation 4, во однос на минатогодишните 17,7 милиони примероци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП