15 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИUBS најави откази во Лондон

UBS најави откази во Лондон

ubs 994

Одлуката на Велика Британија да излезе од Европската унија би можела да предизвика швајцарската банка UBS да отпушти речиси една третина од вработените во своето седиште во Лондон.

Тоа го изјави генералниот директор на банката Серџо Ермоти.

Во моментот вработуваме повеќе од 5,000 лица во Лондон, а отпуштањето би можело да погоди меѓу 20 и 30 проценти од работната сила, ја пренесува јапонскиот весник Никеи изјавата на Ермоти.

Тој, сепак, истакна дека се уште е прерано за проценката на исходот од преговорите за условите за британскиот излез, и изрази уверување дека по излезот на Вританија од ЕУ „Лондон ќе продолжи да биде важен финансики центар, иако не можеби толку значаен како што тоа е случај денес“.

Во Лондон инаку се наоѓа седиштете на UBS за координирање на работата во Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП