17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГазпром ја доби првата дозвола за Турски тек

Газпром ја доби првата дозвола за Турски тек

gazprom-dozvoli

Газпром ја добил преку дипломатски канали првата дозвола од властите на Турција за реализација на гасоводот Турски тек, по одлуката проектот да биде продолжен по смирувањето на дипломатската криза меѓу Анкара и Москва, објави во средата рускиот енергетски гигант во соопштението до медиумите.

Како резултат на преговорите од минатата седмица водени меѓу челникот на „Газпром“, Алексеј Милер и турскиот министер за енергетика и природни ресурси, Берат Албајрак, постигнат де договор за брзо завршување на сите потребни подготвителни постапки за започнување на проектот, потсетуваат од руската компанија.

„Почетокот на издавањето на дозволите е позитивна новина за ‘Газпром’. Овој потег на турската страна ја одразува заинтересираност на турската влада за проектот Турски тек и сведочи за минување кон негова практична реализација“, се вели во писмената изјава на Алексеј Милер.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган Ердоган на почетокот од август по вторпат за неполн месец се сретна со рускиот колега Владимир Путин во Санкт Петербург, три седмици по неуспешниот обид за воен преврат во Турција од 15-ти јули, со што дефинитивно беше надмината длабоката дипломатска криза меѓу двете земји предизвикана од турското уривање на рускиот бомбардер ланскиот ноември на сириско-турската граница, и на тој економски форум, Ердоган вети дека проектот Турски тек ќе биде реализиран „што е поскоро можно“.

Москва на крајот од 2014 година го стави на страна и проектот Јужен тек, кој исто така требаше да ја снабдува јужна Европа со руски гас заобиколувајќи ја Украина, како резултат на трите ткн „гасни“ војни последната деценија со Киев, поради постојаните забелешки на Европската комисија дека со него се кршеле правилата за конкурентноста и со Анкара го договори проектот Турски тек.

Проектот предвидува изградба на гасовод преку Црното Море до европскиот дел на Турција и натаму кон границата со Грција. Должината на поморскиот дел од проектот е околу 910 километри, а копнениот по турската територија изнесува 180 километри. Капацитетот на секој од четирите цевководи е планирано да биде 15,75 милијарди кубни метри гас,а вкупната вредност се проценува на 11,4 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП