22 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕПочувствувајте ја грчката убавина и гостопримливост (фото)

Почувствувајте ја грчката убавина и гостопримливост (фото)

гири1

Да се препознае природната убавина на Санторини не е тешка задача, но е многу тешко да се смисли нешто што ова место би го направило уште попривлечно…

Сместен на сончевите карпи Oie, Kirini гордо стои како бел бисер, како вистинска контраст на синото небо, Средоземното море и сличните нијанси на бескрајното небо.

Овој врвен ресорт со пет ѕвезди има минималистички дизајн, како и луксузни погодности, со природна палета од бои која е вистински мелем за нашите уморни очи. Целото одморалиште делува како некој независен универзум, на кој доминира чувство на внатрешен мир и релаксираност, со смирувачки погледи кои буквално ќе ви го одземат здивот.

Зен расположението е нешто што ќе го почувствувате прв пат кога ќе го здогледате ова место, и без проблеми барем на кратко ќе се ослободите од сите грижи и маки кои ги носите со себе. Уживањето, релаксацијата или излежувањето со вашиот омилен коктел, медитаранскиот воздух и звукот на брановите се само некои од работите кои ќе ве наведат барем еднаш да се вратите во ова одморалиште откако прв пат ќе го посетите.

Kirini исто така нуди и инфинити базен, иако морето е веднаш под него. Покрај можностите за дружење со другите гости, можете да учествувате и во дегустација на вина. Да бидеме искрени, кој би одбил ваква прилика?

гири2

гири3

гири4

гири5

гири6

гири7

гири8

гири9

гири10

гири11

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП