8 јули, 2025
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксузна гибралтарска вила (фото)

Луксузна гибралтарска вила (фото)

гиб1

Оваа спектакуларна вила е речиси завршена и се наоѓа во срцето на ексклузивната заедница на Гиблартар, нудејќи беспрекорен поглед на шпанската обала, малку на Африка и прекрасното море…

Со три нивоа, овој имот има луксузна главна вила и префинета куќа за гости. Главната вила има седум спални соби и пет бањи, како и импресивна соба за прием на гостите со аголна гарнитура, бар, камин и катче за билјард. Дел од погодностите на оваа вила се и формалната трпезарија со камин, шармантната библиотека, целосно опремената кујна со врвни апарати, елегантната галерија и гардеробата за гости. Дали сте импресионирани?

Со цена од точно 26,267,403 долари, ова гибралтарското ремек дело нуди и врвен екстериер, со масивен базен, прекриени тераси, професионална скара и префинет трпезариски дел, кој воедно може да биде и нејзиниот најудобен дел.

Неверојатниот изглед на оваа вила е постигнат со комбинацијата на мермер, паркет и природен камен, а она содржи и Creston системи за домашна автоматизација, централен музички систем, плазма екрани сокриени во сите огледала и аларм. Сигурни сме дека досега барем неколку пати размисливте да се преселите на Гибралтар…

гиб2

гиб3

гиб4

гиб5

гиб6

гиб7

гиб8

гиб9

гиб10

гиб11

гиб12

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар