15 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДиректорите на Panasonic со 50 % пониска плата

Директорите на Panasonic со 50 % пониска плата

panasonic3

Претседателот и извршниот директор на јапонскиот електронски гигант „Panasonic“ ќе ги намалат своите плати за 50 проценти.

Со тоа делумно ќе ја превземат вината за финансиските проблеми на компанијата, соопштија денес од компанијата.

Претседателот на „Panasonic“ Казухиро Чуга и извршниот директор Фумио Охкубо уште во ноември минатата година се согласија да ги намалат своите приходи за 40 проценти, а на другите официјални лица за 20 проценти, потсетува агенцијата Франс Прес, повикувајќи се на изјавите на портпаролот на компанијата.

Целиот јапонски електронски сектор претрпел сериозна штета поради падот на побарувачката, намалената цена на производите и острата меѓународна конкуренција.

„Panasonic“ очекува дека во фискалната година, заклучно со март 2013 ќе претрпи нето загуба од 78 милијарди долари, поради слабата продажба на телевизори и други електронски производи, како и големите трошоци за реструктуирање на работењето.

Компанијата, исто така, е во преговори со синдикатите за предложеното намалување на платата за илјада работници, изјави портпаролот на „Panasonic“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП