8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИтингер: Турција во ЕУ дури по Ердоган

Итингер: Турција во ЕУ дури по Ердоган

турција

Германскиот комесар во Европската комисија Гинтер Итингер изјави дека Турција веројатно нема да ѝ се придружи на Европската унија сé додека на нејзино чело е претседателот Реџеп Тајип Ердоган.

Инаку Турција е земјата со најдолгиот кандидатски статус за членство во ЕУ, откако истиот ѝ беше доделен уште во далечната 1987-ма година, додека, пак, официјалните преговори за членство ги започна пред повеќе од една деценија, односно во 2005-та година.

Турција ја поднесе кандидатурата за полноправно членство во Европската унија уште во 1987 година, а од 2005 година преговорите западнаа во ќорсокак, поради низата проблеми од двете страни, и незаинтересираноста на главните европски земји. Турција ги отвори пристапните преговори во Европската унија на 3-ти октомври 2005 година, а досега отвори само 16 од 35 преговарачки поглавја, од кои само едно е привремено затворено. ЕУ во декември 2006 година одлучи дека нема да ги отвори преговорите во осум поглавја и дека нема да затвори ниедно поглавје додека Турција не ги нормализира односите со Кипар.

ЕУ ѝ вети на Турција дека ќе ги забрза речиси замрените преговори во замена за склучување на договорот за запирање на миграцискиот бран кој нејзините земји членки. Преговорите со Турција од почетокот се контроверзно прашање во ЕУ, каде нејзините најголеми членки истакнуваат дека тие преговори се водат без гарантиран исход. Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер при преземањето на должноста во 2014 година истакна дека во текот на неговиот мандат до 2019 година нема да има проширување.

Турција ги започна преговорите за пристапување ко Европската унија во 2005 година, но од тогаш слаби напредуваше. Можноста оваа доминантно муслиманска земја да стане дел од ЕУ ги загрижува многу земји членки, а односите станаа уште полоши по обидот за воен преврат во Турција од 15-ти јули

„Тоа веројатно ќе биде прашање и во периодот по Ердоган. Доколку ја земеме предвид состојба, пристапот на Турција не е реален додека добро не навлеземе во следната деценија“, изјави еврокомесарот Гинтер Итингер во разговорот за германскиот весник Bild.

Германскиот вицеканцелар Зигмар Габриел во неделата изјави дека не гледа дека влегувањето на Турција во ЕУ ќе се случи во текот на неговата политичка кариера, истакнувајќи дека Унијата бе би била во позиција да ја прими Турција, дури и доколку Анкара уште утре ги исполни сите критериуми.

Турција сака да стане членка на Европската унија (ЕУ) до 2023-та година, изјави преходно на 19-ти август турскиот амбасадор при Унијата, Селим Јенел во интервју за германскиот весник Die Welt. „Турската влада сака да стане членка на ЕУ до 2023-та година, и за мојата земја тоа би било врвно достигнување“, рече тогаш Јенел, напомнувајќи дека тој датум би се совпаднал со прославата од стогодишницата од турската република.

Односите меѓу Берлин и Анкара, којашто е клучниот партнер на Европската унија во задржувањето на мигрантскиот бран, од средината на годинава се заострени откако германскиот парламент масакрот над Ерменците во Првата светска војна во рамките на тогашното Османлиско царство го прогласи за геноцид. Во Германија, инаку, живеат најмалку три милиона луѓе со турско потекло.

По повеќето тензични реакции, посебно во врска со критиките во германските медиуми на сметка на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, во Германија се зголемија и тензиите меѓу припадниците на турската заедница во Германија, по неуспешниот обид за воен преврат до 15-ти јули, како што тврди германскиот печат меѓу оние кои го поддржуваат Ердоган и кои одржаа масовни собири во германските градови, и оние кои се приврзаници на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен кој живее во САД, кого Анкара го обвинува за неуспешниот пуч.

Покрај тоа Анкара му забележува на Берлин, како и на другите западни сојузници, дека се повеќе заинтересирани за судбината на пучистите, отколку за одбраната на демократски избраната влада во Турција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП