28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКратењата на трошоците и вработените може да помогнат за раст на акциите...

Кратењата на трошоците и вработените може да помогнат за раст на акциите на Symantec

symantec

Акциите на „Symantec Corp“ можат да ја зголемат вредноста за 25% и повеќе, откако компанијата презеде чекори за намалување на трошоците и по последните превземања кои можат да го поттикнат бизнисот на фирмата во секторот за сајбер безбедноста, покажува извештајот на „Barron’s“, цитиран од агенциите.

Според финансиското издание „Symantec“, пионер во антивирус софтверите со својот бренд „Norton“, има зголемени шансите за освојување на поголем удел на пазарот на производи за сајбер безбедноста со договорот од јуни, со кој ја купи „Blue Coat Systems“.

Компанијата ќе може да ги продава услугите на „Blue Coat“ за веб и облак заштита на својата база од 370.000 бизнис клиенти, додека побарувачката на слични производи забележува значителен раст.

Покрај тоа, новиот софтвер со брендот „Norton“ е „водечки во индустријата“, посочуваат медимите, повикувајќи се на Анди Новински, аналитичар на инвестициската банка „Piper Jaffray“. Новински прогнозира дека профитот на компанијата ќе се зголеми за 12 до 14% меѓу фискалната 2019-та и 2021-ва година, додека корисничкиот бизнис на „Symantec“ ќе се искористи за насочување кон постпејд модел.

Повеќе од 92 милијарди долари ќе бидат инвестирани во технолошки решенија за безбедност во оваа година, наведува „Barron’s“, повикувајќи се на податоците на „Gartner“. Сумата е повисока од минатогодишните 84 милијарди долари.

Плановите на „Symantec“ за скратување на работната сила за 10% и на трошоци во висина од 550 милиони долари до крајот на фискалната 2018-та година, исто така, ќе помогне за промовирање на нејзините финансиски резултати под водство на нејзиниот нов извршен директор Грег Кларк, покажува извештајот.

Од почетокот на годината акциите на „Symantec“ ја зголемија својата вредност за 40%, а во петокот ја завршија трговијата по цена од 23,72 долари за готово.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП