среда, 1 февруари 2023
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИВардар против Мешков Брест ја отвора новата сезона

Вардар против Мешков Брест ја отвора новата сезона

стојанче

Ракометарите на Вардар со натпреварот против Мешков Брест во СЕХА лигата, во вторник, ќе стартуваат во натпреварувачката сезона 2016/2017. Вардар е двократен шампион во СЕХА лигата, минатата сезона во ова натпреварување го освои второто место.

Амбициите на РК Вардар во новата СЕХА сезона се јасни, пласман на завршниот турнир и освојување на титулата, иако регионалното натпреварување оваа сезона е најсилно од основањето.

Покрај македонскиот првак Вардар и бранителот на трофејот Веспрем, во лигата ќе се натпреваруваат уште неколку тимови кои се натпреваруваат и во Лигата на шампионите.

„Одработивме добри подготовки, трениравме многу. Во овој процес беа приклучени и нашите млади играчи. На последниот тренинг пред мечот ќе ни се приклучат Карачиќ, Циндриќ и Чупиќ. Мешков е добар противник, во текот на подготовките игравме против нив и загубивме со три гола разлика. Иако беше пријателски натпревар, ние не одигравме добро. Мешков е една од најдобрите екипи во СЕХА лигата, има добри играчи кои играат паметно, но ние сме подготвени, треба да имаме висок интензитет во играта“, рече на првиот прес на РК Вардар во новата сезона, тренерот на тимот Раул Гонзалес.

„СЕХА лигата од година в година е сѐ посилна и посилна, а оваа година е најсилна досега со влезот на тимовите од Словенија. Сепак, амбициите на Вардар не се менуваат, најпрво ќе атакуваме на првото место. Мешков Брест е посилен него што беше минатата сезона. Очекувам тежок меч, но ние ќе сториме сѐ сезонава да ја започнеме со победа“, рече новиот капитен на Вардар, Столе Стоилов.

Мечот се Мешков Брест треба да биде официјално деби за новите играчи кои Вардар го засилија во летниот преоден рок: Шпанецот Канељас, црногорскиот репрезентативец Борозан, Бразилецот Рожерио и искусниот хрватски репрезентативец Чупиќ.

„Премногу е рано да се зборува за новите играчи, различно е кога се играат пријателски и официјални натпревари. Мислам дека сега имаме ‘подолга’ клупа од лани, тимот доживеа промени. Добро е што можеме да играме без промени (напад-одбрана), но, сепак, потребно е време за да се воиграме, бидејќи немавме доволно време за заеднички тренинзи. Јас очекуам многу од овој тим“, рече Шпанецот на клупата на Вардар.

Натпреварот во СЕХА конкуренцијата Вардар-Мешков Брест кој на програмата е во вторник ќе започне во 20:30 часот во СЦ „Јане Сандански“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП